Струмица станува инвестициска зона

Bez autora
Feb 13 2011

Струмица станува интересна инвестициска зона. Шеснаесет компании домашни, но и од Германија и Грција потпишале преддоговори за изградба на производствени капацитети во новата индустриска зона Сачево кај Струмица. Огласот за продажбан а градежно неизградено земјиште е веќе распишан, а општината со триста илјади евра од европските фондови за прекугранична соработка ќе ја гради инфраструктурата и проширувањето на патот до зоната. Во новите производствени капацитети ќе се вработат околу две илјади луѓе. Една од поголемите инвестиции е во нова сушара за земјоделски производи, која е добредојдена во делокругот на тоа што Струмица најмногу го има-земјоделското производство. Тоа апсолутно значи нов пласман на земјоделските производи, како сушени производи кои ќе одат на европските пазари.

Струмица станува инвестициска зонаСтрумица станува интересна инвестициска зона. Шеснаесет компании домашни, но и од Германија и Грција потпишале преддоговори за изградба на производствени капацитети во новата индустриска зона Сачево кај Струмица.

Огласот за продажбан а градежно неизградено земјиште е веќе распишан, а општината со триста илјади евра од европските фондови за прекугранична соработка ќе ја гради инфраструктурата и проширувањето на патот до зоната.

Во новите производствени капацитети ќе се вработат околу две илјади луѓе.

„Една од поголемите инвестиции е во нова сушара за земјоделски производи, која е добредојдена во делокругот на тоа што Струмица најмногу го има-земјоделското производство. Тоа апсолутно значи нов пласман на земјоделските производи, како сушени производи кои ќе одат на европските пазари. Имаме фабрика за кожни производи, имаме фабрика за пелети за греење, фабрика за кроасани. Значи ќе биде една широка лепеза на повеќе видови производство“, вели Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

За сите инвеститори општината нуди поволни можности во делот на комуналиите. Со површина од 400 илјади квадратни метри Сачево е втора по големина индустриска зона во државата, по таа во Бунарџик.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik